:: Фабрика за кабли ФКН ДООЕЛ Неготино ::

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Sample image

За Нас

Фабрика за кабли ФКН ДООЕЛ Неготинo

Фабрика за кабли ФКН ДООЕЛ Неготино од Република Македонија e создадена во 1968 година, и има искуство и квалитет во изработката на кабли повеќе од 40 години. Со својот богат асортиман и производствен капацитет од 1800 тони месечно кабел, Фабриката за кабли ФКН ДООЕЛ Неготино е еден од најголемите производители во регионот. Со текот на годините изградивме силна репутација за разбирање и задоволување на потребите на секој клиент. Од самото  создавање, фабриката се обидува да го вклучи секој нов производ на пазарот во својот продажен асортиман. Нашето мото е: иновации, квалитет и коректност спрема клиентите.  
 
Со докажаниот  квалитет, голем број од нашите производи ги пласираме на многу пазари надвор од државата: Германија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Украина, Италија, Косово, Чешка, Нигерија и др. 
 
Со имплементирањето на системот за контрола на квалитетот од страна на меѓународната сертификациона мрежа ISO 9001:2008, ISO 14001:2004, BS OHSAS 18001:2007 и компатибилноста на нашите производи со многу меѓународни стандарди, како: VDE, БДС, BS, JUS, NF, ние гарантираме за нивниот квалитет. 
 
Во производствениот асортиман на фабриката влегуваат следнитте видови производи:
 
• Флексибилни кабли
• Инсталациони кабли
• Среднонапонски кабли од 1 до 36 кV
• Армирани кабли со изолација од PVC и XLPE
• Самоносички каблови снопови и јажиња
• Информациски, телефонски, коаксијални и контролни кабли 
 
Нашата подготовка и желба да започнеме подобра соработка со клиентите чии потреби се дел од нашиот производствен асортиман. Ние гарантираме: 
 
• Висок квалитет
• Конкурентни цени
• Навремена испорака
• Добра соработка
• Професионализам


 

Веб Проверка

Веб Проверка
Web проверка на е-mail: Login

Внесете го целосно вашиот e-mail username: xxxxxx@fkneg.com.mk